Џоли и Пит пристигнаа во Сарајево
14.02.2012 14:58
| KumanovoNews
Анџелина Џоли и Бред Пит денес слета на аеродромот во Сараево. Иако властите се обидуваа нивното пристигање да го држат во тајност, на аеродромот ги пречекале еден куп новинари и фоторепортери.

Сараевскиот портал Sarajevo-x.com ги објави фотографиите од холивудската двојка за време на нивното патување од аеродромот до хотелот Европа, каде што попладнево треба да биде одржана прес-конференцијата. Тие присуствуваат на премиерата на својот контроверзен филм „Во земјата на крвта и медот“.
Двојката планира во Сараево да остане до утре, а в петок најверојатно ќе присуствуваат на премиерата во Загреб.