Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неколку недели откако објави дека била подложена на двојна масектомија, оскаровката Анџелина Џоли се појави за првпат во јавност и тоа во Лондон, на премиерата на најновиот филм на Бред Пит „Светска војна З“ (World War Z) , пренесува Дејли мејл.
Таа му се заблагодарила на Пит на поддршката и му кажала дека е задоволна што на темата на масектомијата сега се зборува повеќе од претходно.
Џоли минатиот месец соопшти дека имала двојна масектомија, откако открила дека има наследна мутација на генот поради кој ризикот да заболи од рак на дојките или јајниците е поголем.
Нејзината мајка, глумицата Маршелин Бертран, умрела од рак на јајниците во 56-тата година, а тетка и минатиот месец почина од рак на дојка.