Мени

Џоли со Оскар за хуманост

07.09.2013 09:43 | KumanovoNews

Актерката Анџелина Џоли, продуцент и режисер од Америка, ќе добие Оскар за хуманост за работата во УНХЦР.

Џоли со Оскар за хуманост

Оваа признание поточно го носи името "Governors" награда, а ја доделу Американската филмска академија секој ноември.

Со златната статуетка ќе бидат наградени исто и американскиот актер Стив Мартин и британската актерка Анџела Лансбари.

Анџелина Џоли е  неуморен бранител на хуманитарни каузи и е амбасадор на добра волја на Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци. Актерката посетила  десетици држави кои страдаат од хуманитарни катастрофи. Џоли има формирано неколку добротворни фондации.