Мени

Џоли во Белград ќе го гледа Шербеџија?!

03.12.2011 10:18 | KumanovoNews

 На концертот на Раде Шербеџија во Белград на 21 декември ќе присуствува позната глумица Анџелина Џоли, пренесуваат српските медиуми.

Џоли во Белград ќе го гледа Шербеџија?!

Досега никој официјално не потврдил дали Џоли ќе се појави на концертот, а гласините за нејзиното доаѓање ги започнал самиот Шербеџија.

 Шербеџија и холивудската актерка се пријатели, тие се сретнале за време на нејзината посета на Хрватска, па се очекува таа да биде гостин на неговиот концерт.

Засега единствено сигурно е дека холивудската дива ќе го посети Белград во март како гостин на Мегатренд универзитетот.