Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секретарката на Џон Траволта, Џоан Едвардс тврди дека знаела дека тој е хомосексуалец, но тоа не и сметало. Знаела и за неговата врска со пилотот.
Последниве месеци акерот е на мета од странските медиуми поради двајцата масери кои го тужеа за сексуален напад. Прашањето за неговата сексуална ориентација не се симнува од насловните страни, така што овој пат преку написите во Nacional Enquirer , дознавме дека бил 6 години во врска со својот пилот Џон Дотеб. Така тврди секретарката на Траволта, а и нејзиниот поранешен дечко.
За него правев се и се грижев за неговиот приватен и деловен живот. Знаев дека е хомосексуалец, но никогаш не ми сметаше тоа - изјавила Џоан,кој му била секретарка од 1978 до 1994 година, и додала дека го запознала и Џон кој за неа е прекрасен дечко.Тој и признал дека е во сексуална врска со Траволта.
Актерот е веќе 20 години во брак со Кели Престон која повеќе неможе да го издржи овој притисок.