Мени

Џони Деп ќе се жени

17.01.2014 08:11 | KumanovoNews

Странските медиуми веќе на големо пишуваат дека познатиот холивудски актер Џони Деп ќе се жени со неговата девојка, актерката Амбер Хард.

Џони Деп ќе се жени

Џони Деп и неговата девојка се запознале за време на снимањето на филмот "The rum diary" и токму поради неа, актерот ја раскина долгогодишната врска со Ванеса Парадис.

Идната сопруга на Џони Деп е фатена како ја крие својата рака од папараците откако некои медиуми веќе ја објавија веста дека нејзиниот партнер ја побарал за жена.