Џони Деп е прогласен за модна икона
19.03.2012 15:43
| KumanovoNews
Здружението на американски дизајнери го прогласи актерот Џони Деп за модна икона.

Актерот е познат по ексцентричниот стил на облекување, тој е првиот маж на кој му припаднала оваа награда. Минатата година за икона на стилот беше прогласена Лејди Гага.
Оваа година славиме 50- годишнина од CFDA, и можеме да забележиме каква клучна улога имаат овие награди во нашите напори да ја промовираме американската мода. - изјавил Стивен Колб, извршниот директор на CFDA.