Мени

Џони Деп и Амбер Херд заедно во Мексико

28.06.2012 08:02 | KumanovoNews

Сексипилната актерка Амбер Херд конечно проговори за Џони Деп, кој минатата недела ја раскина 14-годишната врска со Ванеса Паради, со која има две деца.

Џони Деп и Амбер Херд заедно во Мексико

Џони е прекрасна, посебна личност. Кога ќе влезе во просторијата, сите други остануваат во втор план. Неверојатно е секси- изјави Амбер.

Деп и Амбер се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ и од тогаш се нераздвојни. Во моментов и двајцата се во Мексико каде Џони снима филм.