Џони Деп и Ванеса Паради официјално се разделија
20.06.2012 09:46
| KumanovoNews
Џони Деп и неговата долгогодишна партнерка Венеса Паради се разделуваат, потврди претставникот на актерот за "Entertainment Tonight".

Џони Деп и Ванеса Парадис се разделија спогодбено. Ве замолувам почитувајте ја нивната приватност и уште поважно приватноста на нивните деца- изјави извор близок на актерот.
Вестите доаѓаат по трачевите кои започнаа да кружат низ медиумите оваа пролет. Во мај, ѕвездата на "Dark Shadows" ги започна шпекулациите откако призна дека се на тенок мраз со Ванеса.
Гласините не се точни, нема никаква вистина во нив- Изјави Деп пристигнувајќи на црвениот тепих на Лондонската премиера на филмот.