Џони Деп својата кариера му ја должи на Тим Бартон
17.05.2012 10:33
| KumanovoNews
Во едно неодамнешно интервју актерот Џони Деп признал дека ќе работел на филмови од многу полоша продукција да не бил режисерот Тим Бартон.

Тим е одличен режисер и добар пријател. Да не беше тој, јас сега најверојатно ќе снимав некои неважни хорор филмови. Тим се бореше за мене, и секогаш беше со мене кога ми требаше пријател, изјавил актерот кој ја реализираше својата осма соработка со режисерот во филмот „Dark Shadows“.
Од благодарност би играл во сите негови филмови. Го сакам како брат, додал актерот.