Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска имаме уште еден трејлер прикажан за време на Super Bowl-от. Станува збор за The Lone Ranger, новата високо-буџетна авантура на студиото Disney.
Продуцент на филмот е познатиот Џери Брукхајмер (National Treasure, King Arthur, Black Hawk Down), додека режијата е на Гор Бербински (Pirates of the Caribbean). Во главните улоги се појавуваат Џони Деп (Тонто) и Арми Хамер (Осамениот Ренџер), како нетипично дуо кое се обидува да го урне злиот железнички тајкун Лејтам Кол (Том Вилкинсон).
Во останатите улоги се појавуваат Хелена Бонам Картер, Бери Пепер, Вилијам Фичнер и Џејмс Беџ Дејл. Сненариото е на Тед Елиот, Тери Росио и Џастин Хејт. The Lone Ranger, кој има буџет од 225 милиони долари, ќе се појави во кино салите на 3-ти јули.