Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерот Џорџ Клуни се јавува како режисер, сценарист и продуцент, а толкува и една од главните улоги во филмот „The Monuments Men“, за најголемиот лов на богатство од поновата историја.
Филмот е за специјалниот одред формиран со цел да ги спаси уметничките дела од нацистите и да им ги врати на сопствениците. „The Monuments Men“ е заснован на роман од Роберт М. Едсел, а во кината ќе почне да се прикажува во почетокот на 2014 година.
Инспириран е од вистинска приказна за невозможната мисија на седуммина директори на музеи, историчари на уметноста и кустоси.
Уметничките дела се заробени зад непријателските линии, а нацистите се одлучни да уништат се' што им е на пат, бидејќи пропаѓа рајхот.
Актери во филмот се Мет Дајмон, Бил Мареј, Џон Гудман, Жан Дижарден, Боб Балабан, Хју Боневил и Кејт Бланшет.