Мени

Џорџ Клуни во кинеска реклама

01.08.2012 08:35 | KumanovoNews

Американскиот актер Џорџ Клуни моментно се наоѓа во Италија, на својот имот на езерото Комо, каде се одмора во луксузно окружување заедно со неговата убава девојка Стејси Киблер.

Џорџ Клуни во кинеска реклама

Познатиот холивудски заводник и неговата партнерка ги минуваат деновите во возење на скутер и романтични вечери, но сето тоа треба да се финансира, па така Клуни, иако на одмор, прифатил да снима реклама за Мерцедес наменет за кинескиот пазар.

На фотографијата од снимањето на пристаништето Бергамо, актерот е во друштво на неколку Кинези.

Со оглед на тоа дека е ангажиран дублер, може да се претпостави дека во рекламата ќе има каскадерски акробации.