Џорџ Мајкл ја прекина турнејата и замина на лечење од зависност
01.10.2012 07:50
| KumanovoNews
Пејачот вели дека по преболеното воспаление на белите дробови има потешкотии и не може моментално да пее.

Се обидував да ги преболам траумите на кои ме предупредија докторите кои ми го спасија животот, но не успеав. Одам на лечењето кое требаше одамна да го направам-вели Џорџ Мајкл (49).
Имено, се шпекулира дека тој се откажува од кокаинот, а признал дека пушел и крек. Пејачот лани завршил во болница поради тешко воспаление на белите дробови. Во виенската болница поминал еден месец на интензивна нега. Ја откажал турнејата бидејќи се плашел настапите да не му го нарушат здравјето.