Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со оглед на тоа што неговите последни филмови доживеале целосен неуспех, славниот комичар и глумец Еди Марфи се нашол на врвот на годинешнава листа на Форбс на најпреплатени глумци.
Неговиот последен филм „Кражба во кулата“ (Tower Heist) исто така не ја воодушеви публиката, но тој сепак заработил речиси двојно повеќе од вложените 75 милиони долари.
Марфи стана светски славен по снимањето на филмовите „Полицаецот од Беверли Хилс“ (Beverly Hills Cop) и „Принцот во Америка“ (Coming to America). Меѓутоа, неговата кариера во последните неколку години е во надолна линија, а најмногу благодарение на филмовите како „Замисли го тоа“ (Imagine That) и „Запознајте го Дејв“ (Meet Dave).
Според процените на Форбс, Марфи на киноблагајните низ светот заработил само 2,30 долари за секој долар што му бил платен. На второто место на најпреплатени ѕвезди се наоѓа Кетрин Хајгл, која заработила 3,40 долари за секој добиен долар.
На третото место на оваа листа се наоѓа Риз Витерспун, а следуваат Сандра Булок и Џек Блек. Меѓу првите десет ѕвезди се уште и Николас Кејџ, Адам Сендлер, Дензел Вашингтон, Бен Стилер и Сара Џесика Паркер.