Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска се одбележува и една година од смртта на британската пејачка Ејми Вајнхаус.
Таа почина на 27 години, а нејзиното тело беше најдено во апартман во Лондон. Обдукцијата покажа дека Вајнхаус почина од труење со алкохол, со што се отфрлија сите шпекулации за нејзината смрт. Таа со зависноста од дрога и алкохол се бореше долго време и по долга апстиненција таа испила пет пати поголема количина на алкохол од онаа што предизвикува пијанство. Таткото на Ејми од нејзината смрт до сега е посветен на хуманитарна работа, а во исто време пишува и книга за неа. Заработката од мемоарот за неговата ќерка ќе биде ставена на располагање на фондот Ејми Вајнхаус.