Мени

„Електрик парк фестивал“ вечерва во кумановска Стара Бања

07.07.2012 08:57 | KumanovoNews

По одличниот успех кој го доживеа првиот „Пикник рок фест“ во Стара Бања, Куманово, вечерва со почеток во 19 часот на истата локација е најавен „Електрик парк фестивал“ на кој ќе настапат диџеј артисти од Бугарија и Македонија.

„Електрик парк фестивал“ вечерва во кумановска Стара Бања

Во програмата се најавени Џорџ Вест  и Стеин од Бугарија, и македонските диџеи Горан Кан, Стојче и Џарто.

За подобра забава и релаксација организаторите ќе обезбедат чил-аут зона, бесплатна кампинг зона, штандови за пијалоци, кафетерија, гурмански специјалитети и жонглери.