Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановката Елена Стефановска, водителка на ТВ магазинот за убавина и здравје „Вива магазин“ на Канал 5, на 19 февруари го прослави својот 28 роденден. Заедно со своите пријатели прославата ја започнале во нејзиниот стан во Скопје, а потоа продолжиле во ноќните клубови.
Роденденот ми помина прекрасно затоа што го славев со сакани луѓе. Добив прекрасни подароци, а посебно ме изненади букетот рози што ми го прати еден таен обожавател - вели Елена.
Елена покрај на телевизија работи и во радио Бубамара. Таа често доаѓа во Куманово, а секоја недела во клубот Тунел води караоке шоу. Елена е упорна во остварување на своите цели. Во слободно време оди на пилатес, бидејќи го смета за најприроден метод на вежбање на умот и телото и го препорачува на сите жени.
Анета Илиќ