Елтон Џон стана татко по вторпат
17.01.2013 10:34
| KumanovoNews
Британскиот поп пеач Елтон Џон објави на својата официјална страница дека по вторпат станал татко, откако добил син со сурогат мајка.

Илаџа Џозеф Даниел Фурниш-Џон е роден во Лос Анџелес на 11 јануари.
Елтон и неговиот партнер Дејвид Фурниш изјавија дека сакале да имаат деца и дека фактот што сега имаат двајца синови е речиси неверојтна.
Двојката во цивилно партнерство влезе во 2005 година, а татковци се на двегодишниот Закари.