Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Француската актерка Емануел Беар решила да иницира кампања против пластичната хирургија откако својот изглед го уништила со силиконски операции и постојано користење ботокс
Емануел, која на домашната публика и' е најпозната по улогата во првиот дел од филмот „Невозможна мисија“, планира да направи кампања за подигнување на свеста за проблемите што можат да настанат со естетските интервенции, водена првенствено од своето лошо искуство. Француската актерка на 27 години ги коригирала усните со естетска операција поради што многу се кае.
Емануел вели дека сака да им го сврти вниманието на девојките да не ја жртвуваат својата природна убавина, особено сега кога илјадници жени се плашат од естетските интервенции откако е откриена компанија која пласирала импланти со евтини силикони наместо медицински квалитетни силикони.