×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Епидемија“ од немажени жени во Русија

    07.03.2013 09:19 | KumanovoNews

    Проблемот со немажените жени во Русија се претвора во вистинска епидемија во Русија.

    “Епидемија“ од немажени жени во Русија

    Многу жени изгубиле доверба во мажите и преферираат да живеат самостојно. Според експерти, дури и за жените кои постигнале успех во животот е тешко да си најдат достоен партнер поради силната конкуренција, пишува „Новие известија“.

    Голем процент од мажите во Русија умираат од алкохол, сообраќајни несреќи, при судири во вооружени конфликти во најработоспособна возраст меѓу 20 и 60 години, а едвај мал дел од нив доживуваат старост. Освен тоа, на сто девојчиња се раѓаат околу 106 момчиња. Конкуренцијата на „брачниот пазар“ станува многу висока, наведува Валериј Елизаров од демографско-економската лабораторија на Московскиот државен универзитет.

    Се повеќе жени во Русија бараат фирми кои нудат „сопруг за изнајмување“ - персоналот извршува ремонт, поправки во домаќинството. Во исто време, 60 до 70 отсто од склучените бракови се распаѓаат, истакнува директорот на Институтот за демографски истражувања Игор Белобородов. Според него, во Русија „активно се пропагира т.н. граѓански брак“ и „честата смена на партнери“ како знак за социјален престиж.

    Некои жени во Русија, особено оние со успешна кариера, поставуваат невозможни барања кон евентуалниот партнер, вели социологот Константин Долинин. Колку повеќе напредуваат со годините, за жените станува се потешко да најдат компромис со партнерот. При тоа тие често бараат „да е висок два метри, скромен и убав олигарх со автомобил бентрли“, констатира тој.