Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот бенд “Ептен“ и стендап комичарот Сашко Коцев ќе настапат на третиот по ред македонкси демо фестивал „Т’к Так Фест“ кој месецов ќе се одржи во Кавадарци.
„Ептен„ како минатогодишни победници пред публиката ќе се претстават со 30 минутен настап. Заинтересираните за учество на фестивалот можат да се пријавуваат, бидејќи конкурсот сеуште трае. Демо бендовите ќе влезат во трка за награда од 500 евра и снимање во студиата на Зоран Алексиќ, Гени Каревски и Јордан Манов.
Претходните години фестивалот се одржуваше во јуни, но оваа година истиот ќе се реализира во август.