×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ептен ја промовираше првата песна и спот

    23.02.2012 16:38 | KumanovoNews

    Младата кумановска рок група Ептен ја промовираше првата песна и спот „Доста е„ од албумот кој неодамна го снимија во Загреб.

    Ептен ја промовираше првата песна и спот

    Текстот за песната го напиша Дарко Даутовиќ од Загреб, а музиката и аранжаманот се на членовите на бендот. Спотот за песната е снимен на сцената во Центарот за култура во Куманово.

    Албумот го снимивме во Загреб и содржи 8 композиции. Наскоро планираме да направиме негова промоција, но предходно ќе направиме спот и за песната „Ти ми зеде се„. Верувам дека нашата музика ќе допре до сите кои што сакаат убава музика- вели вокалот на групата Дарко Трајковски (21).

    Гитаристот на бендот Александар Краљевски (24) е автор на една нумера во црногорскиот филм „АС ПИК- лоша судбина„,во кој играат холивудските глумци Мајкл Мадсен главниот јунак во Тарантиновиот „Уби го Бил„, како и Пеѓа Бјелац волшебникот од Хари Потер 4.

    Кумановската група Ептен постои веќе 2 години и покрај тоа што работи на авторска музика, свират и обработки на познати групи. Тие настапуваат во клубови во Куманово, Штип, Битола, Прилеп, Велес и Скопје.

    Промоцијата се одржа во клубот На-Ма пред голем број на кумановци и луѓе од светот на музикат од Скопје.