Ептен со нова песна и видео запис
Кумановската рок група Ептен, синоќа во просториите на Нама Кафе ја промовираше својата нова песма со видео запис "Ти ми зеде се".

Снимањето на спотот е направено во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, во село Јачинце и опсерваторија Кокино.
Во режија е на Огнен Шапковски и соработка со "Мелем продукција".
Спотот го снимавме цели 2 дена. Во него се вкучени голем број на статисти со целосна сценографија. Се надеваме дека песната ќе стане голем хит и дека народот ќе има можност да не запознае во позитивно светло-изјави Дарко Трајковски пејачот на групата.
Посебна чест и задоволство изразувам на популарниот Бени Шакири кој не угости со неговото присуство во спотот и на кумановчани кои дојдоа во голем број да го проследат видеото-изјави Милош Краљевски бубњар во групата.
Групата Ептен наскоро ни најавува промоција на нов албум кој е снимен во Загреб, насловен како "Доста е"