Есма со титула "Национален уметник"
Есма Реџепова стана третиот уметник кој ја доби наградата "Национален уметник".

Пред Есма оваа титула им беше доделена на пијанистот Симон Трпчевски и режисерот Милчо Манчевски.
Наградата се состои од плакета и месечен надоместок од 60.000 денари кој претседателот Ѓорѓе Иванов и ја додели на Реџепова.
Музиката која ја изведува Есма е музика на нашето мултиетничко, многурелигиско и многујазично општество, тоа е музика која ги поврзува луѓето. Музика која не признава јазични и социјални граници, универзална и длабоко човечка-изјави Иванов.
Во досегашната музичка кариера Есма Реџепова има издадено над 60-тина албуми и одржано повеќе од 8.000 концерти во државата и пошироко.