Мени

Ева Лонгорија има ново момче

04.07.2012 08:34 | KumanovoNews

Откако неодмана ја раскина 16 месечната врска со пејачот Едуардо Круз, 37 годишната актерка Ева Лонгорија, наводно започнала љубовна врска со играчот на американски фудбал Марк Санчез.

Ева Лонгорија има ново момче

Како што пишуваат американските медиуми, ѕвездата од хит серијата „Очајни домаќинки“, по се изгледа дека не е толку очајна и не тагува по поранешното момче.

Во последно време Ева поминува многу време со Марк, кој од неа е помлад 12 години. Парот неодамна е виден како заедно пазари во една продавница во Њу Џерси, блиску до домот на фудбалерот.

Еден ден покасно повторно се видени на вечера, а актерката носела сина перика за да не можат папараците да ја препознаат. Сепак, не успеала да ги избегне, а судејќи според еден извор, тие постојано се смееле и добро се забавувале.

Санчез на јавноста и е познат по врската со манекенката Кејт Аптон, додека Ева зад себе има два неуспешни бракови.