Ева Лонгорија раскина со момчето
29.06.2012 09:03
| KumanovoNews
Актерката Ева Лонгорија реши да ја прекине врската со десет години помладиот Едуардо Круз.

Иако минатата недела биле видени во страсна прегратка во Шпанија Лонгорија и Круз сватиле дека не се еден за друг.
Како што пренесува “Е!“, тие повеќе не се заедно но, ќе останат пријатели.
Двојката почна да се забавува во февруари минатата година, само неколку месеци откако 37-годишната актерка се разведе од НБА играчот, Тони Паркер.