Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кристалната арена во Баку, Азарбејџан вечерва почнува 57-то издание на Евросонг.
Оваа година на Евросонг учествуваат 42 земји. Музичкиот спектакл во живо ќе го проследат 16.000 фанови. Ова шоу од дома ќе го гледаат 125 милиони гледачи. По десет земји од двете полуфиналиња ќе се изборат за пласман во финалето на 26 мај. Европската петорка од Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија оди директно во финале.
Калиопи со песната “Црно и бело“ ќе настапи во четврток заедно со неколку бивши ју републики. Вечерта ќе ја отвори Белорусија, потоа следи БИХ, Бугарија, Хрватска, Естонија и други. Калиопи ќе пее шеста по ред.