EXIT револуцијата и на филм
28.04.2013 10:56
| KumanovoNews
Документарниот филм „EXIT Револуција“ за еден од најдобрите фестивали во југоисточна Европа ќе биде прикажан оваа година на фестивалот кој ќе се одржи од 10-14 јули.

Филмот ја раскажува приказната за фестивалот и луѓето кои го сакаат, работат на неговото унапредување и со години одлично се забавуваат на Петроварадинската тврдина.
Основачот на фестивалот Душан Ковачевиќ нуди многу детали од „животот“ на фестивалот, тешкотиите, многу анегдоти, како и информација за тоа како политиката сакала да стави раце на истиот, каде фестивалот го добил името и сл.