Фејсбук го купи Истаграм
10.04.2012 15:47
| KumanovoNews
Додека Фејсбук се подготвува за излегување на берза, не запира со инвестирање. Американските медиуми вчера пренесоа дека компанијата случила договор за преземање на Истаграм, популарната фото-апликација за мобилни уреди.

Вредноста на аквизицијата изнесува милијарда долари во готовина и акции, а официјалното потпишување на договорот ќе се случи во текот на ова тримесечје. Веста за преземањето на Инстаграм ја соопшти основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг, на својот профил.
Ова е многу важна аквизиција за Фејсбук, бидејќи за прв пат преземаме производ и компанија со толку многу корисници, напиша Зукерберг.