Фестивал на модерни танци во Куманово
20.04.2012 08:44
| KumanovoNews
Студиото за модерн балет МАК Куманово во недела, по втор пат ќе го организира Меѓународниот фестивал за модерни танци „Денс фест 2012„.

На фестивалот ќе земат учество гости од Нови Сад, балетско студио “Ребис" од Скопје, ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" од Скопје, “Студио брејк а лег„ - Скопје, “ Аква денс студио” - Скопје, “Ултра” Куманово, "Прима денс" од Скопје и домаќините од Куманово.
Фестивалот ќе се одржи во просториите на Центар за култура ”трајко Прокопиев” - Куманово, со почеток во 20:00 часот.
Бидете и вие дел од оваа танц манифестација, повикуваат организаторите.