Мени

Фестивалот "Таксират" помеѓу најдобрите во Европа

04.10.2013 07:53 | KumanovoNews

Веќе пет години по ред, фестивалот "Таксират" е номиниран за најдобрите фестивали во Европа.

Фестивалот "Таксират" помеѓу најдобрите во Европа

Оваа година на манифестацијата "Европски фестивалски награди", Таксират ќе се такмичи во две категории, за најдобар фестивал на отворен простор и најдобар мал фестивал.

Големиот Европски фестивал е големо меѓународно признание кое говори за организирањето и угледот на самиот фестивал.

Гласањето веќе е започнато и ќе трае до 1 ноември, 2013 година.