Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Silver Linings Playbook“ ("Во добрo и во зло"), во режија на Дејвид O.Расел, е приказна за Пат (кој го игра Бредли Купер), човек кој изгубил сè-работата, куќата и сопругата.
Тој завршува во психијатриска клиника и осум месеци подоцна се враќа да живее со своите родители (Роберт DeNiro и Jacki Weaver), но, незадоволен, тој одлучува да го врати својот стар живот. Тој ќе се сретне со една мистериозна девојка Тифани (Џенифер Лоренс), која и самата има многу проблеми, но, ќе му помогне да го врати неговиот стар живот ако за возврат и тој и' помогне.
Комедијата освои многубројна публика, но благодарение на осумте номинации за Оскар, на овој филм му успеа да направи нешто, што не му успеало на ниту еден филм во последните 32 години.
Всушност, филмот има четири номинации во главните категории: за најдобар актер - Бредли Купер, за главна женска - Џенифер Лоренс, Роберт Де Ниро е номиниран за најдобра споредна машка улога, а Џаки Вивер за најдобра споредна женска улога.
Иако има номинации во други категории (номиниран е и за најдобар филм), ваков успех во актерските категории последен пат се случил во 1981 година со филмот "Црвени".
Покрај " Silver Linings Playbook", само 14 филмови во историјата на доделувањето на Оскар, успеале да ги соберат номинациите во сите актерски категории