Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерата на филмот „Џобс“, во кој Ештон Кучер ја толку главната улога, ќе биде прикажана на крајот на овој месец на затворањето на филмскиот фестивал Санденс, пренесуваат американските медиуми.
Првиот филм кој е изработен според животот на еден од основачите на компанијата „Епл“, Стив Џобс ќе се најде пред публиката во април, соопштуваат од дистрибутерската куќа “Опен роад филм“.
Филмот го режираше Џошуа Мајкл Стерн, а филмот се фокусира на животот на Џобс од 1971 до 2000 година.