×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Финале на „Мис на Македонија“

    17.08.2013 08:35 | KumanovoNews

    Големото финале на изборот за мис на Македонија ќе се одржи вечерва во Дојран во хотелот „Романтик“, каде што ќе се претстават 15 финалистки.

    Финале на „Мис на Македонија“

    Победничката ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мис глоуб“, а придружничките ќе одат на други интернационални натпревари за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.

    Манифестацијата ќе биде проследена и со музички настан во чии рамки ќе настапат Дарко Илевски, Зои Блаж и Елвир Мекиќ. Водителка на манифестацијата ќе биде Светлана Црнокрак.

    Вчера и завчера во Велес и во Свети Николе се одржаа двата последни полуфинални натпревари. Во Велес победи Ана Трајковска од Тетово, за прва придружничка беше прогласена Симона Станковска од Скопје, а за втора придружничка Кристина Димитријевска, исто така од Тетово.