Мени

„Фрајле„-ѕвезди на Тамбурашкиот фестивал во Куманово

23.07.2014 13:25 | KumanovoNews

Новосадската група „Фрајле„ ќе биде главна атракција на годинешниов Тамбурашки фестивал, што ќе се одржи во август во Куманово.

„Фрајле„-ѕвезди на Тамбурашкиот фестивал во Куманово

На десетото јубилејно издание, со две фестивалски вечери, организаторите најавуваат богата програма, со познати музички имиња и оркестри од Балканот.

 Престижната група „Фрајле„ од Нови Сад ќе настапи втората вечер во 22 часот. Тие имаат интересна програма, која е блиска до тамбурашкото музицирање, бидејќи доаѓаат од срцето на тамбурата - од Војводина. Верувам дека направувме добар избор, затоа што тие се доста популарни и кај нас, вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

Фестивалот ќе го отворат домаќините-Кумановски тамбураши и Нино Величковски, оркестарот „Гезме„ со свои гости и Жупанискиот тамбурашки оркестар од Осиек од Република Хрватска. Во преговори се и за настапот Тијана Дапчевиќ. Втората вечер ќе настапат и тамбураши од Свети Николе.

Тамбурашкиот фестивал ќе се одржи на Градскиот плоштад на 22 и 23 август, а го организира Фондацијата за култура и Секторот за култура, подржано од градоначалникот и Советот на Општината Куманово.