Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Популарниот музичар и еден од најпосакуваните ергени во земјава, Владимир Крстевски-Франц, реши да сврти нова страница во животот.
Франц, едната половина од Нокаут, наскоро ќе се заколне на вечна љубов. Девојката која успеа да му го промени статусот на вечен ерген е скопјанката Ема Петреска, која инаку е ќерка на бизнисменот Иван Џо Петрески. Двојката пред да се реши на ваков чекор во врска била само неколку месеци.
Не сакам ништо да коментирам. Приватниот живот е само за мене и сакам тоа така да си остане. Ниту негирам ниту, пак, ја потврдувам веста-рече композиторот и пејач, кој важеше за еден од најпосакуваните ергени на домашната музичка сцена.
Ема и Франц долги години биле пријатели, а пејачот до неодамна беше во врска со нашинка која живее во Америка.