×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гинисов рекорд за најмала потрошувачка на гориво

    28.06.2013 07:47 | KumanovoNews

    Пасатот кој ја помина цела Америка со најмалку гориво, влезе во Гинисовата книга на рекордите.

    Гинисов рекорд за најмала потрошувачка на гориво

    Моделот автомобил Пасат TDI 2.0 TDI (103 kW/140 PS), произведен во САД, премина растојание од околу 13.071 км, со рекордно ниска потрошувачка на гориво, од само 3,02 литри на 100 километи.

    Пасат TDI помина низ сите држави на САД, освен на Алјаска и Хаваите, со до сега најмала потрошувачка на гориво, во рок од 16 дена, што беше забележано и од официјалните лица на Гинис.

    Подвигот го оствари тимот од возачите: блогерот Вејн Гердес и инжинерот Боб Вингер. Гердс изјави дека резултатот е постигнат благодарение не само на потенцијалот на возилото на Фолксваген, туку и на големата умешност на возачите.

    Од Фолксваген истакнуваат дека нивните напредни мотори со турбо полнење и директно инјектирање, нудат најнекономична потрошувачка на гориво на автопат.