×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гитаристот Игор Станоевски промовира мултимедијален проект

    31.05.2013 07:23 | KumanovoNews

    Македонскиот гитарист Игор Станоевски-Игиман направи интернет-промоција на својот мултимедијален проект Blues in a bottle.

    Гитаристот Игор Станоевски промовира мултимедијален проект

    Во видеото тој ги спојува вајарството и музиката, скулптурите што учествуваат се негова изработка, а музиката е компонирана, аранжирана и изведена исто така од него.

    Македонскиот блузер е дипломиран вајар. Музичката кариера ја почна на 16 години, кога неговиот талент го препознаа од „Јамаха“, по што стана нивно заштитно лице за Македонија во 2003 година. Имаше солистичкиот настап на фестивалот „Блуз и соул“, а свиреше и со Грег Рајт - гитаристот на Мајкл Џексон. Изминатиов период е познат по пласманот на седмата позиција на меѓународниот натпревар Play Crossroads на Ерик Kлептон.