×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем концерт посветен на Миодраг Божиновски

    17.06.2019 11:31 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, задутре (среда) ќе се одржи концерт посветен на големиот композитор и музичар, нашиот сограѓанин, Миодраг Божиновски.

    Голем концерт посветен на Миодраг Божиновски

    На концертот ќе настапат познати имиња од македонската естрада: Виолета Томовска, Маргица Антевска, Перо Христов, Сандра Милковска, Ефто Пупиновски, Нино Величковски, Росана Сариќ Тодоровска, Магдалена Бозиновска- Стојанова, Никола Даводовски-Гари, октет Куманово, група Сирма, народниот оркестар Пријатели, Кумановски тамбураши и др.

     Во рамки на одбележувањето на 500 години Куманово, ова е првиот од поголемите настани што го организираме, концерт, музичко сеќавање, омаж на творештвото на Миодраг Божиновски- Мичо, човек кој остави трага во делот на музичкото живеење во градот. После Трајко Трокопиев, тој е еден од најмаркантните музички ликови во градот, почнувајќи како композотор, продуцент, диригент, корепетитор, професот во нижото музичко училиште и оснивач на октетот Куманово 1983 година, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.   

    Божиновски е автор на голем број песни на пејачи од македонската естрада, а особено се паметат хитовите:Стариот џумбушлија, Бабино девојче, Мојата серенада, Свирете ми тамбури, Во светот на бајките, има напишано и дела за сериозна музика и за театар.

    Концетото ќе се одржи на големата сала на Центарот за култура со почеток во 20 часот. Планирано е да трае  повеќе од 2 часа. Билетите се бесплатни и можат да се подигнат на балгајната во Центарот за култура.

    Миодраг Божиновски е роден на 20 мај 1952 година, а почина на 10 август 2011 година.