×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грозјето го намалува крвниот притисок, го штити срцето и помага при варењето на храната

    20.08.2019 11:00 | KumanovoNews

    Малите темно-сини зрнца, кои крцкаат во устата и даваат свежина во летните денови, се голем избор на нутритивни вредности.

    Грозјето го намалува крвниот притисок, го штити срцето и помага при варењето на храната

    Освен, што можат, во летните денови, да послужат за свежина, зголемување на енергијата и како ужина, можат и да влијаат на подобрување на нашето здравје.

    Грозјето, како лек за зголемен крвен притисок

    Грозјето е богато со витамин А, Б-6, фолна киселина, како и манган и калиум. Конзумирањето на ова овошје помага за намалување на крвниот притисок, го зацврстува имунитетот, но и помага против депресија.

    Грозјето ја подобрува работата на срцето

    Антивоспалителните и антиоксидативните својства кои ги поседува грозјето се од голема корист за кардиоваскуларниот систем. Полифенолите во составот помагаат за намалување на штетни наслаги на крвните садови. Треба да се напомене и дека семето од грозјето не треба да се фрла, затоа што содржи материи кои ги штитат крвните садови од оштетувањата и ги зајакнуваат капиларите, а исто така спречуваат оксидација на масти и инфаркт на срцев мускул.

    Грозјето-идеално за есенски диети

    Обвивката на зрната грозје се полни со баласни материи , т.е со целулозата и пектинот кои го регулираат варењето и го чистат организмот од отрови, а и помагаат за излачување на водата од органнизмот.

    Во 100 грозје се содржани само 69 калории, од нив 0,72 се протеини, 0,16 грами се масти, 0,9 грами растителни влакна,15,48 грама се овошен шеќер, а 18,10 грама се јаглехидрати.