Мени

Групата ДНК со нов спот за "Што сака нека биде"

10.10.2013 06:57 | KumanovoNews

Дечките од ДНК, Панчо и Андреј направија уште една видео приказна овој пат за нивната нова песна "Што сака нека биде".

Групата ДНК со нов спот за "Што сака нека биде"

Текстот е напишан од страна на Маглдалена Цветковска и Панчо, а авторот на аранжманот и музиката е Лазар Цветковски.

Исто така, за кусо време ареннби-дуото најавува и Спот за песната "Опуштено" кои се дел од албумот "Срце" кој е промовиран во мај оваа година.

Видеозаписот за песната "Што сака нека биде" кој е снимен во "Томато Продукција" ќе биде објавен за неполни две недели.