Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов момците од групата Ептен го посетија Кавадарци и учествуваа на овогодинешниот "T'k-так фест".
Овој рок фестивал се одржува веќе втора година во чест и сеќавање на легендарниот тапанар Трајко Каров.
Во саботата, на втората вечер од фестивалот, која имаше натпреварувачки каракте, меѓу повеќето групи од цела Македонија се претставија и кумановчаните Ептен
Со свој авторски материјал и со едногласна одлука од жири комисијата освоија прво место.
Момците од Ептен иако не заминаа да се натпреваруваат, сепак се вратија дома презадоволни од целиот фестивал, посебно од организаторите и енергијата на публиката.
До крајот на месецот Ептен официјално ќе го промовираат нивниот прв албум "Доста е" и најавуваат и свој настап на овогодинешниот Револушн фестивал во Куманово.