×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Групата „Роулинг стоунс“ наполни 50 години

    12.07.2012 08:58 | KumanovoNews

    Клубот „Марке“ на Оксфорд стрит во Лондон, каде што дебитираа повеќе не постои, но легендарните „Ролинг стоунс“ продолжуваат да ја воодушевуваат публиката 50 години по првиот концерт.

    Групата „Роулинг стоунс“ наполни 50 години

    На главната трговска артерија во Лондон, банка го замени клубот, каде што на 12 јули 1962 година ги прави првите чекори на сцената една сосема нова група, формирана од Брајан Џоунс, Мик Џегер, Кит Ричардс и уште тројца музичари.

    Џегер и Ричардс се пријатели од деца. Кога ја формирале групата имале 19 години, а Џоунс 20. Кон нив се присоединуваат Бил Вајман и Чарли Вотс.

    Во далечната 1962 година, тие не ни претпоставувале дека ќе станат пример за поколенија музичари, дека ќе продадат 200 милиони албуми, а нивните песни како „(I Can't Get No) Satisfaction“ или  „Jumpin' Jack Flash“ ќе станат легендарни.

    Групата „Ролинг стоунс“, која го достигна врвот на крајот на 60-те и средината на 70-те години со албумите „Beggars' Banquet“, „Sticky Fingers“ и „Exile on Main Street“, преминуваше низ кризи, злоупотреба со наркотици. Претрпува промени, но продолжува да е на врвот и денес.