Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викторија Бекам и нејзините поранешни колешки повторно ќе се обединат во групата Spice Girls, за да снимат нов албум со наслов “Viva Forever”.
Викторија утре треба да се состане со поранешните членови на бендот во Лондон и тоа за прв пат од нивната турнеја во 2008 година.
Имаше гласини дека Викторија не сака да учествува во ова, но таа секогаш знаела да си ги одреди приоритетите- изјавил извор близок на пејачките.
Додава дека ова ќе биде посебен момент за нив, на кој ќе биде горда и кој нема да помине без емоции.