Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прославата по повод државниот празник Илинден на 2 август во меморијалниот центар Пелинце ќе настапи и кумановската етно група “Тоска“ заедно со Драгана Спасовска.
Оваа група повеќе години ја негува македонската традиционална музика. “Тоска“ работи како матична форма при Центарот за култура "Трајко Прокопиев".
Лично за мене и за целата група претставува голем предизвик да се биде дел од манифестација која што е од големо значење за целата држава. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во најдобро светло. Покрај нас ќе настапи и ансамблот "Срма". Ние ќе се претставиме со три убави македонски народни песни со патриотски карактер, а "Срма" со два сплета- изјави Драгана Спасовска.
Овие уметници досега учествувале на повеќе културни манифестации низ градовите во Македонија и надвор.