Гвинет Палтроу е новото заштитно лице за парфемите "Хуго Бос"
16.05.2012 09:42
| KumanovoNews
Актерката Гвинет Палтроу е новото заштитно лице на најновиот парфем на „Hugo Boss“. Добитничката на Оскар ќе го рекламира парфемот „Boss Black Boss Nuit Pour“ чија рекламана кампања ќе се снима наскоро. Актерката го опишува мирисот како производ за „силни и женствени“ претставнички на понежниот пол.

За мене жената на Boss е силна, амбициозна, го постигнува она што сака, но вешто балансира со женственоста и убавината, изјави Гвинет.
39-годишната актерка ќе се појави во ТВ спотовите, печатените и онлајн медиумите, соопштија од компанијата.