Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според списанието “Пипл“ , оскаровката Гвинет Палтроу е најубаво облечена жена за 2012 година. Оваа титула ја заслужила со елегантниот стил на облекување.
До крајниот избор магазинот дошол со гласови од 42 милиони читатели, уредници и блогери. Елизабет Салцмен, стилистка на познатата актерка рекла дека Палтроу не и робува на модата, дека има свој стил, па се облекува како во униформа.
Меѓу мажите на листата најубаво облечени се најдоа Бред Пит, Роберт патисон, пејачот Џеј Зи и други. Магазинот “Пилп“ посвети внимание и на ѕвездите кои најлошо се облекуваат. Тука се спомнуваа поп пеачката Ферги и Сара Џесика Паркер.