Хабанера бенд повторно активни на „Јутјуб“
После подолго време, Хабанера бенд повторно се активираа на својот Јутјуб канал, каде што ги објавуваат најголемите хитови.

Оваа серија на видеа е снимана во ноќниот клуб „Спејс“ со одличен квалитет, а серијата на видеа започна со „Дирлада“, „Raise Up Your Hands“ и „Jungle Shadow“ а подоцна продолжија со Лозано - „Јако јако“, „Руски рулет“ од Тоше Проески, хитови од народната музика, како и странски хитови. Од предходните преработки на „Хабанера“, најголем впечаток остави џез верзијата на хитот „Угаси ме“ од Парни ваљак која дефинитивно вреди повторно да се слушне.
И додека очекуваме бендот да ја сними својата прва песна, можеме да уживаме во нивните одлични изведби.