Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Супермоделот Хајди Клум совршено знае како да изгледа стилизирано и тип-топ средено кога ги извршува секојдневните активности.
Оваа мајка и запослена жена секогаш наоѓа време за прошетка со своите деца, но ни тогаш не заборава на нејзината најголема страст - модата. Хајди е фотографирана два дена по ред како на високи потпетици ги води своите деца на училиште, пренесува весникот Блиц.
Прво ја фотографирале како во едноставна бела маица и тексас панталони го држи синот за рака, а оваа комбинација ја освежила со црвени потпетици и “Реј бан“ очила за сонце. Нејзината фигура и после четири породувања изгледа беспрекорно.
Втората комбинација која Хајди ја избрала за прошетка низ Њујорк е потполно црна и шик. Таа се определила за црни цигарет панталони и маичка во иста боја, а доза на гламур во оваа комбинација ја даваат црните салонки и “мачкасти“ очила за сонце.
Оваа 176 центиметри висока манекенка моментално е во врска со Вито Шнабел, а освен со манекенство, Хајди се занимава и со дизајнирање на облека. Секако поради својата и безбедноста на своите деца, Хајди не го напушта домот без новиот телохранител кој исто така и помага околу децата. Со предходниот телохранител Мартин Кртистен неколку години била во љубовна врска.
Овој пат се чини дека професионалниот однос нема да прерасне во врска, бидејќи новиот телохранител на Хајди бил фотографиран со прстен на рака.